Експерти од Австрија: Оние кои го прележале коронавирусот имаат имунитет речиси колку и вакцината на „Фајзер“
Луѓето кои го прележале ковид-19 имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува студијата на Медицинскиот факултет во Грац, објавена во European Journal of Clinical Investigation.
Тоа ниво на имунитет е само малку пониско од оној што го дава вакцината на Фајзер/Бионтех за која се покажа дека е ефикасна 95 проценти.
Ова значи дека претходна инфекција со коронавирус создава скоро исто ниво на заштита како и вакцинираните лица, барем за пократок период, според студијата спроведена во Австрија, јави ДПА.
Студијата проучуваше како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекција, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември.
Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа