Експлозија во трговски центар во Романија, повредени најмалку 13 лица
Најмалку 13 лица се повредени денеска во експлозија во трговски центар во североисточна Романија, соопштија локалните власти.
Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, а 10 се со разни трауматски повреди и изгореници и добиле лекарска помош, пренесува АП.
Мобилна единица за интензивна нега е испратена на местото на експлозијата во градот Ботошана, во областа Сучава, соопшти итната помош.
Ангажирани се хеликоптери на брзата помош, а на терен се испратени две возила на брзата помош и две противпожарни возила за гаснење на пожарот.
Според првите извештаи, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали се повредени клиенти или членови на персоналот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа