Експресен пат реконструиран во Кина со вештачка интелигенција
Властите во Кина го завршија проектот за реконструкција на експресен пат, целосно без работници, користејќи вештачка интелигенција, т.е. беспилотни летала, самоуправувачки машини за поплочување и роботи-валјаци. Ова е прв случај од ваков вид во светот.
Надграден е, имено, автопатот што ги поврзува Пекинг, Хонг Конг и Макао. Тоа е скоро 158 километри и сѐ е спроведено без човечка интервенција на лице место, што означува значајна пресвртница во еволуцијата на инфраструктурните проекти управувани од ВИ. Овој проект, според познавачи, е технолошки импресивен, меѓу другото, и поради подобрувањата во ефикасноста, безбедноста и прецизноста, објави порталот „Teк eксплорерс“.
Иако почетниот влог во технологијата за самоуправувачка изградба е голем, долгорочните заштеди во трудот, материјалниот отпад и трошоците за одржување се значителни, велат стручњаците.
Дополнително, со отстранување на луѓето – работници од опасните средини како што е градилиштето, целосно се отстранува опасноста од несреќи, изложеност на топлина и повреди. Меѓу предностите на овој потфат на реновирање на патиштата е и брзината. Рачното обновување на пат од ваков обем би траело со месеци, ако не и години. Со машините контролирани со ВИ, коишто работат непрекинато 24/7, реновирањето беше завршено за неколкукратно покусо време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа