ЕП во февруари ќе гласа за резолуцијата за изборите во Србија

 

Европскиот парламент ќе гласа за резолуцијата за ситуацијата во Србија по декемвриските избори на следната пленарна седница на Европскиот парламент, што треба да почне на 5 февруари, јави Бета.

Текстот на предложената резолуција ќе биде достапен ден пред гласањето, соопштија извори на Бета во ЕП.

Од ЕП потсетуваат дека известувачот за Србија Владимир Билчик вчера побара да не се гласа за резолуцијата за Србија пред ОДИХР да го објави конечниот извештај, што се очекува за неколку недели.

На дневен ред на овонеделната сесија на Европскиот парламент вчера на барање на социјалдемократите беше додадена и расправата за ситуацијата во Србија по декемвриските избори, а на дневен ред ќе се најде утре.

16.01.2024 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега