Епидемиолог од Србија: Вирусот ќе ги зарази сите
„Вирусот ќе ги зарази сите, но оние што се вакцинирани ќе бидат заштитени. За жал, ова не важи за постарите лица, бидејќи кај постарите лица хронични, тешки пациенти, не може да се постигне толку високо ниво на заштита и затоа се во опасност. А, тие се заразени од млади луѓе, затоа апелираме, луѓето да се вакцинираат“, истакна епидемиологот од Србија, д-р Бранислав Тиодоровиќ за Блиц.
Според него ситуацијата била многу јасна, доколку во рок од две седмици се вакцинираат дополнителни 20 до 25 проценти од оние кои немаат примено вакцина, епидемиологот смета дека може да се одржи вирусот. Со овој начин, смета дека ќе имаат околу 53 проценти вакцинирано население, со тоа би се стабилизирала состојбата во Србија и доколку било потребно ќе вметат рестриктивни мерки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа