Ердоган им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

 

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес што се случи на почетокот на февруари во Кахраманмараш и Хатај.

Во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе турскиот највисок државен медал за пожртвуваност во име на државата го прими заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи.

На церемонијата на доделувањето на медалот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасијевски.

Ердоган, пред присутните во салата, се заблагодари и им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресите во Кахраманмараш и Хатај.

Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата.

25.04.2023 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега