Премиерот: Имаме раст на БДП од 3,2% - ова е најголем шамар за опозицијата

 
Најголемиот прогрес мора да биде во економијата. И денес одлична вест!
Раст од 3,2 проценти е забележан кај бруто-домашниот производ во последното тримесечје од минатата година, поточно растот на БДП за минатата година е 2.8%, што е најголем шамар за тие од опозицијата кои велеа дека нема да биде поголем од 1%, а донесоа двоцифрена инфлација кога ја управуваа државата, напиша премиерот на социјалните мрежи.
За кус период државата е со стабилен и висок раст на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции.
Заедно ќе направиме повеќе за секој, затоа што само така Македонија ќе биде повторно ваша!, стои во објавата на Мицкоски. 

04.03.2025 - 20:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега