Ескобар: Не барам да се поддржи Владата, туку европскиот пат на земјата

 

Не дојдов тука за да им кажам на луѓето како да гласат, ние поставуваме очекувања. Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар во интервју за „360 Степени“ вели дека тој не ја поддржува Владата, туку европскиот пат на државата.

-Сакам да почнам со тоа што ќе кажам дека не дојдов овде за да им кажам на луѓето како да гласаат. Не дојдов овде за да им кажам на луѓето како да ја формираат владата. Не им го правиме тоа на нашите НАТО-сојузници. Тоа што го правиме е – поставуваме очекувања. Од една страна, му го пренесов истото ниво на ентузијазам што сакам да им го пренесам и на граѓаните на Северна Македонија, а тоа е дека иднината на Јужна Европа е во Европската Унија. Тоа е иднина во која овој регион ќе придонесува значително во растот на Европа и со тоа ќе придонесе и во нашата економија. Па, во таа смисла, има огромни можности за Северна Македонија да се приклучи кон ЕУ. Станува збор за најголемиот трговски блок во светот и најголемиот трговски партнер на Америка. Четири милијарди долари дневно го минуваат Атлантскиот океан и сакаме вие да бидете дел од тоа. Тоа е тој ентузијазам, за придонесот што Северна Македонија може да го даде во Европа, што сакав да го пренесам на сите мои состаноци. Во врска со лидерот на опозицијата, она што, исто така, сакам да го додадам, е дека не дојдов тука за да му кажам што да прави и не дојдов тука да му диктирам услови. Но, сакав да ставам јасно до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа, оние кои ја покажуваат својата посветеност на НАТО и кои ја продолжуваат борбата против корупцијата. Тоа е нашето очекување. Тоа што се случува во моментов, со можностите кои се презентирани, да се придвижи кандидатскиот статус на Северна Македонија кон Европската Унија, е дел од тој процес. Јас не барам од луѓето да ја поддржат Владата. Барам од луѓето – ве молам, работете со нас, за да го поддржиме европскиот пат. Затоа што ќе ни биде од корист и нам, вели Ескобар.

Тој побара од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто вели дека е за интеграција во ЕУ, но во истовреме е против уставните измени.

-Па, би сакал да ги видам да ја објаснат оваа дилема на јавноста. Затоа што, многу искрено, во моментов, земајќи ги предвид сите работи што се случуваат во Европа и што се случуваат во светот, не знаеме што ќе се случи утре. Но, знаеме дека денеска имаме можности ја придвижиме кандидатурата на Северна Македонија поблиску и побргу од кој било друг на Западниот Балкан. Од гледна точка на пријател, близок пријател, би сакале Северна Македонија да ја совлада оваа пречка и да почне да се дефинира себеси преку односите со трансатлантската заедница, преку нејзините односи со остатокот на светот врз основа на нејзините вредности, а не да се дефинира според Бугарија, вели Ескобар.

Целото интервју ТУКА.

26.08.2023 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега