Евросонг 2023: Кандидатите почнаа предзабави низ Европа
Секој вистински фан на Евровизија знае дека овој музички натпревар е многу повеќе од една саботна вечер во мај.
Тука е исчекувањето на најавата на градот домаќин, националната финална сезона кога се избираат песните и моментот во кој сме сега – фаза пред главната забава во мај.
Низ Европа во текот на следниот месец учесниците ќе настапуваат на настани што ги организираат фановите како подготовка за натпреварот во Ливерпул.
Изминатиов викенд илјадници присуствуваа на првата предзабава во Барселона.
„Ова е најдоброто нешто досега“, рече годинешната учесничка од Обединетото Кралство, Меј Мулер, додека првпат се среќава со своите колеги натпреварувачи. „Морам да одам и да ги видам сите тие неверојатни места и луѓе“.
За Мулер, тоа не е само можност да прави селфи и да се придружува на групните разговори на „Ватсап“. Тоа е исто така и прва изведба во живо на нејзината песна I Wrote A Song за која претходно рече дека е нервозна, но потоа додаде: возбудата е поголема од нервите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа