Фејсбук избриша десетици антиваксерски центри за ширење лажни информации

Фејсбук соопшти дека отстранил повеќе десетици страници што шират дезинформации за вакцините против КОВИД-19, откако Белата куќа ги повика фирмите на социјалните мрежи да ја зајакнат контролата на фактите поврзани со пандемијата.

 

Компаниите како Јутјуб, Твитер и Гугл се најдоа на удар на администрацијата на Бајден поради алармантното ширење на дезинформации за вакцините што го погодуваат темпото на вакцинирање во земјата, во која многумина се непријателски расположени кон вакцинирањето.

Неодамнешниот извештај од Центарот за борба против дигиталната омраза (CCDH) на САД покажал дека 12 антиваксерски профили шират скоро две третини од дезинформации против вакцините на Интернет.

Фејсбук ја оспорил методологијата што стои зад извештајот, но денеска соопшти дека отстраниле повеќе десетици страници, групи и сметки на Фејсбук или Инстаграм поврзани со овие 12 профили за кршење на нивните политики.

„Исто така, воведовме казни за речиси дваесетина дополнителни страници, групи или сметки поврзани со овие 12 лица“, соопшти Фејсбук во блогпостот насловен „Како да преземаме дејствија против ширењето на дезинформации за вакцините“.

Некои од главните дезинформации за вакцините со кои се бори администрацијата на Бајден вклучуваат дека вакцините протви КОВИД-19 се неефикасни, лажни тврдења дека се вградуваат микрочипови и дека ја повредуваат плодноста на жените, изјави официјален претставник на Белата куќа минатиот месец, пренесува Ројтерс.

18.08.2021 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа