Фероинвест продолжува со изградба на фотонапонско електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

 

Нова фотонапонска електрана од 4 MW е пуштена во работа во близина на Ресен, изградена од ФЕРОИНВЕСТ за клиентот Лумос Груп од Ресен.

Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС. 

Инвеститорот, ресенска фирма Лумос Груп, која инвестира во обновливи извори, е посветен на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на ФЕРО ИНВЕСТ како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години.

Феро Инвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.

За своите клиенти, ФЕРОИНВЕСТ почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици.

27.08.2024 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега