Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје
Српскиот пејач Владо Георгиев преку социјалната мрежа „Икс“, соопшти дека бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој напиша дека му ги украле дури и подароците за децата.
Пејачот објави дека му бил искршен автомобилот паркиран во гаражата.
„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот на мрежата Икс.
21.11.2024 - 09:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа