ФИФА го затвор случајот против Бекенбауер
Етичкиот суд на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја затвори истрагата за подмитување против фудбалската легенда Франц Бекенбауер поради застарување на делото.
Бекенбауер и други германски функционери кои учествувале во организирање на Светското првество во 2006 година беа цел на етичка истрага на ФИФА.
Случаите против некогашните членови на извршниот одбор на ФИФА, Тео Цванцигер и Хорст Шмитд исто така се затворени поради застареност.
Бекенбауер се теретеше за давање мито во висина од 10 милиони швајцарски франци на Мухамед Бин Хамаму во 2002 година, соопшти етичкиот суд на ФИФА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа