Филе заврши во болница, па испрати порака: „Како да не ми е криво?“
Игор Филевски – Филе или по насловот на последниот и веројатно највпечатлив проект, попознат како „Филе – Топки“ оддамна не е ниту на ТВ, а ниту во Македонија, која пред десеттина години ја напушти барајќи ја среќата во друга земја.
Неговата последна објава на Фејсбук, со која за жал, загрижи многумина, зашто Филе ја споделил од болница. Легнат во болничка постела, со „жици и матракуки“ на себе, оние кои не знаат што му е ги остави во грижи и недоумица без да објасни дали е заради Ковид-19 во болница или е можеби нешто друго во прашање?
„Добро утро, иако за мене не е, но ќе биде…
Сакам да одбележам дека вторпат лежам во болница, вторпат на државна клиника (во која не плаќам ни цент за комплетната услуга и медикаментите), во две различни држави досега и секогаш добивам неспоредливо поголема грижа и врвни здравствени услови за разлика од матичната држава во која се родив, растев, овозраснував и плаќав постојано даноци и здравствено осигурување. (приватните клиники во МК се исклучок од муабетов, ама тоа е се’ за кеш)
И како да не ми е криво?
Како да не ми е мака?
Како да замижам пред тој факт?
Како? А Македонија како земја и територија ќе ми остане “нааај” секогаш во срце, каде и да сум, ама како земја…“ – напиша Филе во пораката споделена покрај фотографијата на која лежи во болничка постела.
А што да се каже… Системот, овој нашиов „божемен“, белким време е да се демонтира. Да се менува… Од корен! А на Филе му го посакуваме сето здравје на овој свет и… „Што и да е – да помине“, напиша тој на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа