Филипче: Најголема моја заложба е вакцинацијата да ја завршиме побрзо

 

По повод Светскиот ден на здравјето се обрати министерот за здраство Венко Филипче и порача дека се прави се за да се зголемат количините на вакцини против коронавирусот во Македонија.

„Денес е 7 април, светскиот ден на здравјето. Минатата година на истиот овој ден бевме на почеток на пандемијата и сите се надевавме дека таа брзо ќе заврши. Една година подоцна, светот се уште се бори со коронавирусот, со нови соеви и нови предизвици кои ги носи оваа голема здравствена криза. Но оваа година е година на вакцинацијата. Година за која се надеваме дека ќе биде последна во која живееме со мерки, рестрикции и ограничувања.“ вели тој.

Потенцира дека вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот, но за жал таа не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот. 

„Побарувачката на вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени. Ние правиме се за да ги зголемиме количините на вакцини во нашата земја. Моја најголема заложба и желба е вакцинацијата да ја завршиме што побрзо. Затоа, се што е во наша надлежност го направивме исклучително брзо и професионално, а подоготвка за вакцинација ја спроведовме навремено и ефикасно. Денес имаме добро поставен и ефективен механизам за вакцинирање кој започна да се спроведува. Искрено верувам дека малата достапност на вакцини во светот наскоро ќе биде минато, а потоа, деноноќно ќе работиме за што пократко време да вакцнираме што поголем број на граѓани. Барам трпение, разбирање и почитување на мерките додека да се надмине овој период.“ рече Филипче

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега