Филипче: Страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок

 

Тоа е страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок и ние треба од тоа да извлечеме поука што треба и како треба да делуваме понатаму за да спречиме такви трагедии, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Донаторската вечер со телефонски јавувања за помош на настраданите во несреќата во Кочани што ја организираше ТВ Канал 5. 

Порача дека е исклучително важно да се биде до луѓето кои претрпеле големи загуби и да им се даде психолошка поддршка и добро е, рече, што Клиниката за психијатрија има амбуланти во Кочани за стручна помош на семејствата. Апелираше до нивните блиски и пријатели да бидат со семејствата што имаат настрадани, да не ги оставаат сами зашто „шокот може да биде пролонгиран и да трае“. 

27.03.2025 - 22:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега