Тригодишно дете без свест однесено во болница - родителите кажале дека изело гумена бонбона

 

Тригодишно машко дете без свест е примено во болницата во Гостивар во текот на вчерашниот ден. Како што соопшти МВР, во разговор со родителите на детето, тие кажале дека претходно изело гумена бонбона по што почнало да се гуши и изгубило свест.

-Вчера во 17.00 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив без свест и за укажување лекарска помош било донесено тригодишно машко дете  од Гостивар. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив родителите изјавиле дека во домот детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест. На детето му била укажана помош, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

30.03.2025 - 10:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега