Филипче упати честитка до Милановиќ: Граѓаните на Хрватска ги поддржуваат социјалдемократските вредности

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честита убедливата победа на Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

„Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуваат социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока, обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.
Му посакувам успешен мандат и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и на зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји,“ истакна Филипче.

СДСМ верува дека оваа победа е значаен чекор напред за социјалдемократските вредности во регионот и Европа.
13.01.2025 - 09:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега