Фон дер Лајен: Европската комисија предложи шест милијарди евра за Западен Балкан, но по реформите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Тирана, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, изјави дека за Западен Балкан е планиран инвестициски пакет вреден шест милијарди евра, кој, сепак, ќе се инвестира дури откако ќе се спроведат реформите неопходни за пристапување во ЕУ.

На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц и албанскиот премиер Еди Рама, таа рече дека овие реформи ќе го доближат Западен Балкан до Европската унија, а регионот ќе стане поатрактивен за инвеститорите.

„Предложивме инвестициски пакет вреден шест милијарди евра, кој се состои од две милијарди евра грантови и четири милијарди евра заеми. Сепак, парите ќе се инвестираат дури откако ќе се спроведат реформите. Така што е условен. Работи совршено во Европската унија и верувам дека ќе функционира на Западен Балкан“, рече Фон дер Лајен.

16.10.2023 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега