Фон дер Лајен го осуди атентатот врз словачкиот премиер: Ваквите акти ја поткопуваат демократијата

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро го осуди нападот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро.

Воедно додаде дека во овој момент мисли на премиерот Фицо и неговото семејство.

И претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека е шокиран од веста за нападот на словачкиот премиер Фицо по владината седница во Хандлова.

„Никогаш ништо не може да оправда насилство или слични напади. Мислам на премиерот и неговото семејство“, рече Мишел.

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес е повреден во пукање по седницата на Владата, јави агенцијата ТАСР. Според словачките медиуми, кон словачкиот премиер биле испукани два-три куршуми. Фицо со хеликоптер е префрлен во болница, најверојатно во Банско Бистрица. Полицијата го уапсила напаѓачот.

15.05.2024 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега