ФОТО: Денес е една од најубавите актерки, но откри дека како тинејџерка ја исмејувале

 

Индиската актерка која своевремено ја освои ласкавата титула Мис на светот сега успешно гради кариера во Холивуд.

Пријанка Чопра во четвртокот сподели на социјалните мрежи фотографија на која воопшто не изгледа како денес.

Sвездата на „Квантико“ облечена во бело бикини и панталони се смешка за фотографирање со рацете на колковите. Во тоа време таа била во доцните тинејџерски години или во раните дваесетти.

На оваа флешбек фотографија актерката изгледа витко и многу самоуверено, и затоа таа напиша: „Срамежлива? Никогаш не сум чул за неа.“

Ова се случува откако 38-годишната сопруга на Ник Џонас во својата нова книга откри дека операцијата на нејзиниот нос поради полипектомија прилично ѝ го сменила изгледот и поради тоа ја исмејувале во  нејзината родна Индија кога била тинејџерка.

Минатиот месец таа им откри на читателите на нејзините мемоари Unfinished („Недовршенo“) дека порано ја исмејувале поради изгледот по операцијата, додавајќи дека не обрнувале многу внимание на естетика во раните 2000-ти.

 

Некои хејтери ја нарекувале „Пластична Чопра“. Како и да е, неколку години подоцна, таа беше победничка на изборот за Мис на светот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега