ФОТО: Денес има 61 година и работи како секретарка- Како изгледа Пипи Долгиот Чорап која од 8 годишна возраст стана ТВ икона
Актерката Ингер Нилсон ја глумеше позната Пипи Долгиот Чорап и истоимениот филм и серија, кои беа емитувани во 1969 и 1970 година.
Легендарната приказна за суперхеројот со две плетенки потекнува од пенкалото на Астрид Линдгрен, а милиони деца сè уште мислат дека таа изгледа точно како што ја прикажал на малите екрани.
Ингер откри дека дознала за аудицијата додека гледала телевизија со нејзиниот татко кога имала 8 години.
"Водителката рече дека планираат да ја снимаат Пипи и дека бараат три деца. Тато се сврте кон мене и ме праша дали сакам да одам на аудиција, а јас реков да", рече еднаш актерката, откривајќи дека 8.000 девојчиња се пријавиле кастингот во тоа време.
Таа ја доби улогата, а потоа започна вртоглавиот успех. Сепак, призна дека не и било лесно на училиште, но научила дека работите во животот се „и добри и лоши“.
„Тоа беше мојот живот од 8-та година од животот. Не знаев поинаку, морав да се навикнам.
Ингер ја доби наградата за најпопуларен лик на телевизија и филм за оваа улога. Денес има 61 година, работи како секретарка во компанија и повремено глуми во театар.
А еве како изгледа денеска:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа