ФОТО: Џиновска слика на британски уметник собра 62 милиони долари во добротворни цели

 

Најголемата слика во светот е продадена за 45 милиони фунти (62 милиони долари) на аукција во Дубаи, пренесоа странски медиуми, додавајќи дека парите ќе бидат наменети за финансирање хуманитарни организации за деца.

Оригиналната слика на платно The Journey of Humanity („Патувањето на човештвото“) на британскиот уметник Сача Xафри го држи Гинисовиот рекорд за најголемо уметничко платно.

Уметникот поминал осум месеци сликајќи го уметничкото дело од 1.600 квадратни метри на подот од  некогашна сала за танцување во хотел во Дубаи.

Тој планирал да ја продава во 70 делови, но целото дело го купи Андре Абдун, француски државјанин кој живее во Дубаи и се занимава со криптовалути.

Цената ја прави една од најскапите слики што некогаш биле продадени на аукција од жив уметник.

Џафри рече дека целата сума од 62 милиони долари (45 милиони фунти) ќе биде наменета за хуманитарната организација „Дубаи се грижи“ (Dubai Cares), УНИЦЕФ, УНЕСКО и Глобалната фондација за подароци за да им помогнат на загрозените деца во земји како Бразил, Индија, Индонезија и Јужна Африка.

44-годишниот уметник од Лондон првично се надевал дека ќе собере 22 милиони фунти, и бил прилично изненаден кога сликата била продадена за двојно поголема цена.

„Навистина ме преплави она што се случи – да соберам толкава сума пари од една слика за една вечер“, рече тој за „Би-би-си њуз“.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега