ФОТО: Хаос кај Автокоманда: Две сообраќајки на само 100 метри раздалеченост

 

Сообраќајот на булеварот Александар Македонски кај Автокоманда во правец кон излезот од Скопје се одвива отежнато поради две сообраќајни несреќи кои се случија на само 100 метри оддалеченост.

Веднаш по бензинската пумпа кај хотелот Континентал автомобил ,,мерцедес” удри во товарно возило. Според она што може да се види причинета е само материјална штета.

Само стотина метри понатаму затворени се две ленти за сообраќај. Се случил судир меѓу два автомобили и еден камион. Двете патнички возила од ударот се свртени во спротивна насока. Засега нема информации за евентуални повредени.

17.07.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега