Жена за 35 минути направила осум сообраќајки

 

Жена (47) од јапонскиот град Осака во периодот од 7 до 7:35 часот во тој град за 35 минути предизвикала осум сообраќајни несреќи.

Предизвикала осум одделни судири во различни времиња и места меѓу градот Минох во префектурата Осака и населбата Јодогава во градот Осака, јавува Јапан Тудеј.

Инцидентите се случиле на улицата Шин-Мидосуџи, главната артерија што минува низ северниот центар на градот Осака. Иако фреквентно, Шин-Мидосуџи е релативно широка и права улица која е една од полесните правци за возење.

Првиот судир се случил во 7 часот наутро кога жена удрила во автомобил управуван од 46-годишен маж и продолжила да вози.

Шест минути подоцна удрила во друг автомобил управуван од 49-годишен маж и повторно излегла, за две минути подоцна да се судри со трет автомобил управуван од 60-годишен маж.

И овој пат побегнала од местото на настанот и во 7 часот и 13 минути налетала на 49-годишна жена која возела скутер, удрила во пешак во 7 часот и 21 минути, а осум минути подоцна удрила во 82-годишен пешак со автомобил.

После тоа удрила во ѕид покрај улицата Шин-Мидосуји, а потоа околу 7:35 часот удрила во 33-годишен мотоциклист, по што била приведена од полицијата.

Во инцидентите со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден мотоциклист.

Полицијата соопшти дека жената не била позитивна на алкохол.

Во Јапонија во 2022 година имало околу 300.000 пријавени сообраќајни несреќи, што е приближно една несреќа на секои две минути.

Тоа значи дека за краток временски период оваа жена предизвикувала по една несреќа на секои четири минути и била речиси во чекор со целата нација Јапонија, пишува јапонскиот весник.

24.01.2025 - 19:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега