(ФОТО) Хаос во Струмица: Се судрија мотокрос, моторцикл и четирицикл

 

На својот фејсбук профил Пожарникари Струмица објавија за спасување на повредено лице при судир на мотокрос, моторцикл и четирицикл

-Денес, (петок) 11.10.2024 година, во 14.00 часот, од страна на службата за брза помош беше добиена пријава за повредено лице при судир на мотокрос моторцикл и четирицикл над браната Турија, во близина на с.Нивичино. Поради непристапниот терен беше побарана асистенција од наша страна и веднаш е испратен тим од пет пожарникари-спасители со теренско возило кои заедно со екипата на брза помош дојдоа до местото на несреќата и го стабилизираа и транспортираа повреденото лице до Медицински Центар Струмица, велат во објавата.

12.10.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега