ФОТО: И полицец меѓу повредените во пожарот во Чаир - луѓе со саати се криеле на покривот

Еден полицаец и еден пожарникар е меѓу повредените во пожарот во скопски Чаир. Според информациитек ои ги објави МВР, пожарот избувнал пред 2 часот утрово во подрумските простории на зграда во скопски Чаир.

„На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место упатена е екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Поради вдишување на чад до 06.30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник. Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ - се вели во соопштението на МВР

02.10.2024 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега