Апсења на повеќе локации во Македонија - приведени 12 лица
Полицијата во текот на вчерашниот и денешниот ден апсеше на повеќе локации на територијата на државата.
Денеска (26.12.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.12.2024) околу 03.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Ѓ.(43) и Е.А.(34), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.12.2024 во 10.50 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Р.(36) од Битола, кој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување на казна затвор од шест години и седум месеци. Р.Р. е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 25.12.2024 во 16.40 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.З.(52) од Тетово, кај кого на импровизирана тезга биле пронајдени и одземени околу сто пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (26.12.2024) во 00.10 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.12.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 24.12.2024 во 22.50 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(32) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти“ извршено на 27.09.2024 кај с.Богородица-гевгелиско. Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 25.12.2024 во 17.50 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.К.(40) од Р.Турција поради тоа што при пасошка контрола приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „мерцедес“, кое тој го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кратово за понатамошна постапка.
На 25.12.2024 во 07.40 часот на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода А.Н.(47) од Струга, кој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „измама“. По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа. При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
На 25.12.2024 во 15.40 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Буковски мост” го лишиле од слобода А.С.(32) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа