ФОТО: Изразот на лицето на командант Барути кога слушна дека ќе лежи 2 години за нападот врз Арсовска

 

Прилично смирено Сулејман Љамалари познат како Командант Барути ја прими информацијата дека ќе лежи 2 години затвор за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Информацијата ја потврди и кривичниот суд во соопштение. 

„Основен кривичен суд Скопје ја известува јавноста и медиумите дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје, Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С.Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.

Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 – осум дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје. По однос на мерката притвор, судот одлучи дека истата да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.“ - се вели во соопштението.

02.09.2025 - 13:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега