(ФОТО) Кафе, песочна плажа и море - летото нема крај за познатата македонска продуцентка

 

Иако веќе се ближиме кон крајот на септември, и во Македонија имаме студени утра, македонската продуцентка и водителка Елена Најдоски, реши да ги искористи максимално последните сончеви денови. Таа на своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“,  им откри дека деновиве заминала во Грција, а ова патување воопшто не било планирано.

Продуцентката Најдоски, утрово сподели фотографија на својот „Инстаграм“ профил, на која може да се забележи дека ужива во вкусот на утринското кафе во опуштена атмосфера на плажа, покрај море. „Ова патување излезе сосема неочекувано, ама кафе на плажа секогаш е добредојдено“, напиша водителката во описот на објавената фотографија. 

Водителката објави уште неколку фотографии на кои позира покрај водопади, заедно со својот сопруг Бојан. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena Najdoski (@elena_zivotsostil)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Press24 (@press24.mk)

19.09.2022 - 22:41
Фото: 
Принтскрин Инстаграм / @elena_zivotsostil

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега