ФОТО: „Ковид-рака“ е се почеста реакција на вакцината на „Модерна“

 

Црвен исип на раката, односно на местото на убодот, или таканаречената „ковид-рака“ е се почеста реакција на вакцината на „Модерна“.

„Њу Ингланд џурнал оф медицин“ објави бројни фотографии за тоа како изгледаат различни случаи на исип. Сепак, лекарите потенцираа дека стравот од исип не е причина за некое лице да не се вакцинира.

Д-р Шерли Чи, дерматолог, забележа исип кај нејзините пациенти.

„Сите реакции беа на Модерна, а експертите не се сигурни зошто оваа вакцина предизвикува ваква реакција“, рече Чи.

Таа тврди дека реакцијата е нормална и дека нема причина некој да се откаже од вакцинацијата поради страв од исип.

Д-р Чи истакна дека ако некој забележи сличен исип на рацете, само треба да го контактира својот лекар што е можно поскоро.

Во некои случаи, исипот се појавува дури по осум до 10 дена од приемот на дозата.

„Неколкумина мои пациенти имаа ваков тип на одложено реагирање. На едниот од нив му се појави оток и осип на местото на убодот само десет дена по вакцинацијата“, рече Чи.

Таа вели дека црвенилото едноставно се третира со антихистаминици или понекогаш со стероидни антиинфламаторни лекови. Главната работа е да се јавите на лекар на време.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега