(ФОТО) Лила Стојановска: Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот

Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот, призна една од најпознатите водителки во Македонија, Лила Стојановска на социјалната мрежа Фејсбук.

„И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот! Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив! Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и кеифови без заддршка ! Па џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели. Патувањата се мојата пасија. На здравје другари , за животот, за љубовта за нас“, напиша Лила на социјалната мрежа ФБ, објавувајќи фотографии како ужива во Бодрум. 

23.05.2023 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега