(ФОТО) Нова романса: Клои Кардашијан во интимна прегратка на Микеле Мороне
Таблоидите шпекулираат дека на повидок е нова романса меѓу реалити-ѕвездата Клои Кардашијан и актерот од „365 дена“ Микеле Мороне, кого многумина го нарекуваат најсекси маж во Европа.
Клои ги поттикна шпекулаците за романса со италијанскиот актер откако двајцата беа забележани заедно во Милано за време и по ревијата на „Долче и Габана“, каде дизајнерите и нејзината сестра Ким Кардашијан заедно ја претставија својата нова колекција во рамки на модната недела во Милано.
На настанот, Клои и Микеле, кој на јавноста ѝ е најпознат по улогата на Масимо во полската еротска крими-драма „365 дена“, седеа еден до друг, во близина на децата на Ким и мајката Крис Џенер.
Актерот потоа на својот инстаграм-профил сподели фотографија со Клои, направена зад сцената на модната ревија. Ја приближува со раката околу нејзината половина и се чини дека ѝ шепоти на уво.
Фотографијата стана вирална, како и видеото споделено од фановите на кое се гледа како двајцата танцуваат на афтер-парти.
Микеле Мороне го толкува главниот лик Масимо во „365 дена“, кој веќе има трето продолжение. Жешките бизарни сцени беа причина многумина да го стават на врвот на листата на најексплицитни еротски филмови, а Италијанецот Мороне – водач на сицилијанска мафија кој ја киднапира жената од своите соништа и ѝ дава 365 дена да се заљуби во него – преку ноќ стана еден од најпосакуваните мажи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа