ФОТО: Обиен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода - никој нема да ме „заплаши“, вели Ѓорѓиевски
„Вечерва непознати сторители го обија мојот автомобил нанесувајќи материјалнa штета“, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
„Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени).
Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.
Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните
Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот.
Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа!
На сите треба да им е јасно, никој нема да ме “заплаши” или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил“, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа