ФОТО: Ова се девојките кои Хамас ќе ги ослободи викендов
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел од посредник добил листа на затвореници кои Хамас ќе ги ослободи задутре, а Хамас ги објави и имињата на четирите израелски војници кои се на тој список.
„Ќе ослободиме четири израелски војници во сабота, на 25 јануари 2025 година“, изјави Абу Обаида, портпарол на бригадите Ал Касам во кусото соопштение.
Тој рече дека ослободени ќе бидат Карина Ариев (20), Даниеле Гилбоа (20), Наама Леви (20) и Лири Албаг (19). Девојките беа заробени на почетокот на октомври 2023 година во базата Нахал Оз во јужен Израел, кога Хамас изврши прекуграничен напад.
Петтата заробеничка Агам Бергер (20) ќе остане во Газа. Задачата на девојките била да набљудуваат сомнителни воени активности.
Четирите заложнички треба да бидат ослободени задутре доцна попладне. Тие ќе бидат транспортирани од Меѓународниот комитет на Црвениот крст до еден од трите гранични премини, по што ќе бидат предадени на израелските одбранбени сили. По основните лекарски прегледи тие со хеликоптер ќе бидат пренесени во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа