(ФОТО) Политичарите со честитки до ракометарите за пласманот на СП
Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25.
„Црвено-жолтите“ бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта, континуирано учество на големите натпреварувања. Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип Миркуловски и Столе Стоилов.
Честитки за победата и пласманот на СП до ракометарите упатија и политичарите во Македонија.
На социјалните мрежи се огласи и поранешниот ракометен репрезентативец, актуелен директор на Агенцијата за млади и спрот Наумче Мојсовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа