(ФОТО) Популарната турска актерка издржа само 9 месеци во брак: „Вистина е, не успеавме“

 

Демет Оздемир, познатата турска актерка која ја гледавме како Санем во серијата „Романтичарот“ и Лале во „Наследници“, се разведува од сопругот Огухан Коч, по 9 месеци брак.

Веста ја пренесе турскиот магазин „Сноб“, според кој двојката веќе не живеат заедно. Демет и Огухан, направија луксузна венчавка минатото лето во август, но двојката не успеа да го задржи бракот.

За да не кружат шпекулации, Демет реши да се огласи на својот Инстаграм.

„Вистина е дека не успеавме да го одржиме бракот подолго време и дека одлучивме да ставиме крај.Знаеме дека оваа одлука што ја донесовме со заемна почит и разбирање ќе влијае и врз нашите семејства и постарите.Даваме сѐ од себе да го завршиме овој процес и притоа да имаме почит кон нашите семејства. Ве молиме да ја почитувате нашата одлука“ – стои во соопштението.

Инаку, Демет и Озхан беа заедно од 2019-та година, а на почетокот на врската привлекуваа внимание затоа што Демет претходно била другарка со поранешната девојка на Озхан и се веруваше дека таа ѝ го украла дечкото.

Таа во моментов е акатуелна по серијата „Моето име е Фарах“ во која игра со познатиот актер Енгин Акујрек.

18.04.2023 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега