(ФОТО) „Пронајдете си некој што ќе Ве гледа како Џаред во Северина“: Пејачката во друштво на холивудскиот актер

Северина Вучковиќ моментално се наоѓа на луксузното одморалиште – францускиот град Сен Тропе. Оттаму се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, а многумина беа изненадени од нејзината најнова објава.

Пејачката, всушност, објави фотографија со холивудскиот актер Џаред Лето, која беше изненадување за сите.

Актерот, специфичен по својот уникатен стил на облекување, носеше комбинезон во сини нијанси, додека во раката држеше розова капа, додека пејачката носеше фустан кој го истакна нејзиното деколте.

„Се заљубил“, „Пронајдете си некој што ќе ве гледа како Џаред во Северина“, „Како те гледа“, „Го оствари мојот сон“, „Како Барби и Кен“ – беа само некои од коментарите под објавата на Северина.

Пејачката во објавата претходно покажа како добро се забавува, па се гледаше дека ужива пиејќи шампањ со драги луѓе и добра храна.

29.08.2023 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега