(ФОТО) Седмооделенец расечен на лицето од соученик, директорката крева раменици, потресно сведоштво на мајката

 

Додека едни деца безгрижно си играле, друго дете решило да се пресмета со свој соученик од седмо одделение нанесувајќи му повреда која ескалирала со шиење на детето во болница, пренесува Курир.

Мајката во потресна изјава за Курир раскажува како настанала целата ситуација во која нејзиниот 12 годишен син го извлекол подебелиот крај.

„Децата си играле за време на големиот одмор, а проблематичниот соученик на мојот син започал да мава со парчиња мраз кон него (мразот бил направен од остатоци од вода насобрани низ школскиот двор), потоа мојот син му апелирај да не го прави тоа, па во меѓусебна турканица, проблематичното дете го исекло соученикот со пластичен чистач за мраз за стаклата на автомобилите. Како и од каде тој предмев во него во училишниот ранец засега останува мистерија“, вели мајката.

Таа додава дека двете деца учат од градинка заедно и дека на сите им е познат профилот на проблематичното дете кое досега ниту еднаш не е санкционирано иако има поплаки од многу родители.

„Мене ме извести класната раководителка, а во училиштето ме пречека со обезбедувањето кое редовно го плаќаме за да ги заштитува нашите деца. Директорката не била известена за настанот и дури денес по 24 часа поминати утрово дознала, ова го тврдам по нејзините одговори и однесување кон мене. Ова е голема неодговорност, со овој ученик сите деца имаат проблем, сите родители се жалат, но бидејќи ова била прва писмена опомена (останатите биле само усмени) немало да се реагира ми потврди директорката“, вели револтираната мајка.

Таа додава дека:

Детето нема ниту да се префрли во друго одделение, освен да подлежи на писмена опомена, а најмалку ќе биде отпишано од училиштето „Владо Тасевски“. Психологот и директорката велат дека детето е веќе трауматизирано и нема потреба дополнително да се разговара со него. А моето дете? За моето дете велат дека има само физичка повреда, а кон проблематичното дете не требало да се реагира бурно, вели мајката.

Во изјава за Курир видно потресена вели и дека денес го расекол нејзиното дете, но утре може да настане и поголема трагедија и да убие дете, а одговорност училиштето не планира да преземе.

Случајот е пријавен во полиција вчера вечерта, а од таму на родителите им соопштиле дека децата под 14 години не подлежат на никакви санкции, а за санкциите треба да одличи основното училиште и директорот.

По службена должност е известен и јавен обвинител за малолетна деликвенција, а мајката вели дека случајот ќе го тера до крај само за во иднина да не се случи поголема трагедија и да настрадаат невини деца.

„Раната на моето дете е сериозна и длабока, хирургот ми се обрати со зборовите: „еден милиметар бил пресуден за да му се деформиса целото лице“. Моето дете е шиено со три конци, а училиштето крева раменици и не сака да реагира во оваа ситуација. Мајката на проблематичното дете вели дека нејзиниот син две години посетувал психолог, но засега немало резултати. Моето дете ќе има лузна за целиот живот, за преживеаниот стрес да не збориме, а училиштето се чувствува како одговорноста да не е во нивни раце. Дете кое нема наполнето 14 години не подлежи на Закон во нашата земја, не сакам да помислам што може да се случи во иднина (алудирајќи на случајот во соседна Србија и малиот Коста), заклучува мајката.

Инаку 12 годишното момче конците ќе ги носи најмалку три недели, а раната е опфатена од устата па се до носот.

Случајот е објавен и во вториот билтен на МВР попладнево:

„На 26.12.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, Д.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов малолетен соученик, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението од полицијата.

27.12.2023 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега