ФОТО: Таванот падна врз гостите во хотел во Мостар - „Кога сакаш да одмори, кровот ќе ти падне врз лежалка“

 

Таванот над внатрешниот базен во хотелот Читлук падна врз гостите во неделата.

Оваа информација и фотографии ги објави претседателката на Градското собрание на Мостар, Бошка Чавар, која само за голема среќа, поминала со полесни повреди.

„Кога ќе посакаш да одмориш, пука кровот и ти паѓа врз лежалката. За среќа само ногата ми е повредена, но шокот беше страшен и сѐ уште трае. Ангелите чувари беа на мојата страна и на страната на останатите гости. Тајкунска работа доаѓа на наплата. Среќно нека ни е на сите...Кога трагедијата ќе се случи тие и понатаму ќе пијат коктели...ќе возат џипови“, напиш шокираната Бошка.

07.02.2022 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега