ФОТО: Венецуелската актерка со хрватски корени непрепознатлива- се чини дека претерала со естетски корекци
Венецуелската актерка со хрватски корени, Габриела Спаниќ (47), објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде позира во тесен фустан кој ги истакнал нејзините облини, но и едвај го задржал нејзиното никогаш побујно деколте.
„Повторно отиде под нож? Целосно ќе се деформираш ако продолжиш вака“, „Непрепознатливи си“, ѝ напишале нејзините придружници, но повеќето сепак се воодушевени од изгледот на актерката која неодамна по седум години пауза се врати во сапуниците и тоа во една од главните улоги во теленовелата „Ако нѐ напуштат“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, публиката најдобро ја памети Габриела по улогата во теленовелата „Грабнувачка“, која се емитуваше во 90-тите години кога актерката беше на врвот на својата слава.
Во тоа време, таа била во посета на Хрватска и не ја криеше гордоста дека има хрватски корени, но оттогаш актерката е непрепознатлива, а фановите се убедени дека тоа се должи на бројните естетски операции.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа