Фотографија од Макрон и Путин стана предмет на шеги на „Твитер“

 

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во Москва се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. Фотографиите од нивната средба го обиколија светот, а една особено привлече внимание, па стана предмет на шеги на Твитер.

„Почитуван господине претседателе, драг Емануел, многу ми е мило што те видов“, му рекол Путин на Макрон на почетокот на протоколарниот дел од разговорот. Двајцата лидери седеа во огромна сала на тркалезна маса еден спроти друг.

Корисниците на социјалните мрежи ја споделија фотографијата со различни коментари и монтажи.

На една монтажа се гледа црна мачка зад Путин и бела мачка зад Макрон. Втора монтажа си поигра со лидерите и „Тајната вечера“, а трета ги прикажува Макрон и Путин како гледаат стриптиз настап.

На следната монтажа беше направено да изгледа дека Џо Бајден, американскиот претседател, седи меѓу нив двајца и јаде сладолед.

Во една од хумористичните монтажи се прикажани двајца лидери со огромни мегафони, што е упатување на фактот дека седеле далеку еден од друг дека „можеби не слушнале што зборува другиот“. Корисниците на социјалните мрежи напишаа бројни коментари над фотографијата, како „Можеш ли да ме додадеш“, „Врска на далечина“, „Најдобри пријатели“ ….

Лидерите беа прикажани и како играат тенис.

Корисник на Твитер ја искористи и легендарната фотографија на Берни од инаугурацијата на Бајден, каде што тој седи во јакна, со маска на лицето и волнени ракавици.

09.02.2022 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега