Шок во Кавадарци: Маж пронашол експлозив во ѕидот на својот дом

 


Кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. 

- Синоќа во 20:40 часот во ОВР - Кавадарци, Н.М., на возраст од 39 години од овој град, пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото изврши увидна екипа на ОВР - Кавадарци, соопштија од СВР - Велес. 

Претходно, вчера во 12:35 часот во ОВР - Кавадарци, 42-годишен кавадарчанец пријавил дека во домот, неговата сопруга му се заканувала нему и на неговите родители. Се преземале мерки за расчистување на настанот. 

19.06.2025 - 11:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега