Фотографија од Тоше и Андреј која го пара срцето - „Таму некаде сега заедно пак ќе се смеат“

 

На социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани, каде во пожар во дискотеката Пулс каде настап кобната ноќ на 15 март имаа ДНК, и каде загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени, се појави фотографија од Андреј од ДНК кој е меѓу оние кои трагично го загубија животот, и Тоше Проески.

На фотографијата, Андреј и Тоше, млади, заедно, насмеани, полни живот... а под фотографијата која го пара срцето коментари: „Таму некаде сега заедно пак ќе се смеат“, „Вечна ви слава Ангели наши“ и „Пејте заедно со Ангелите“.

-„Тоше пееше - Полско цвеќе млад нека ме покрие... Андреј пееше - Ако утре ме нема еј, Немој да ме жалите... Едниот на 16.10.2007... Другиот на 16.03.2025“, стои во една објава на социјалните мрежи.

Во пожарот во дискотеката Пулс која е една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија, загинаа 59 лица, 200 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство. Истрагата и распитите сеуште траат.

Тоше Проески загина во тешка сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб — Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од само 26 години.

Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото фолксваген туарег кое со голема брзина удри во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници — возачот Ѓорѓе Георгиевски поминал со потешки, додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, со полесни повреди. 

Телото на Тоше пристигна на аеродромот „Александар Велики" од Хрватска, на 16 октомври, околу 23 часот, со хеликоптер на Армијата на Република Македонија. Целата нација со солзи го пречека во родната Македонија. Погребот на најголемата македонска музичка ѕвезда започна утредента во 13 часот, откако претходно беше одржана комеморација пред споменикот Македониум.

"Крушево и Македонија уште од Илинден 1903-та не ги обземало таква тага и очај. И со право, зашто изгуби ангел. Продолжи Тоше да пееш, на небото, придружуван од ангели" - се прости архиепископот г.г. Стефан од „ангелскиот глас“. 

Посмртно прогласен за почесен граѓанин на Македонија, Тоше беше погребан со најголеми државни почести.

 

26.03.2025 - 08:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега