ФОТО+ВИДЕО: Невремето ги парализира улиците во Битола – свикан кризниот штаб
Силно невреме попладнево ја зафати Битола.
Дел од улиците се под вода, а граѓаните пријавуваат штети.
Градоначалникот за денес во 18:00 часот свика општински кризен штаб.
„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа