(ФОТО+ВИДЕО) Снеже Велков во „Бомбакис поткаст“: Жера од „Црвена јабука“ ме избрка, не ми даде интервју оти беше пијан
Гостинка во вечерашната, петнаесеттата по ред, епизода од „Бомбакис поткаст“, на Кристијан Станковски беше една од најпознатите македонски водителки, Снеже Велков.
Секојдневно ја гледаме на ТВ екраните, најчесто во нејзината емисија „Нешто конкретно“, но вечерва седна на „жешкото столче“ во студиото на Бомбакис и раскажа за различни ситуации за нејзиниот живот.
Снеже Велков екклузивно во „Бомбакис поткастот“ откри за нејзиното најлошо новинарско искуство кое го доживеала, а станува збор за искуство со бендот „Црвена јабука“. Таа имала непријатно искуство конкретно со Жера. Тој ја избркал од просторијата, не и дал интервју, а сето ова се случувало и пред очите и на останатите новинарски екипи кои биле присутни таму. Жера реагирал волку бурно, бидејќи таа му понудила да јадат црвено јаболко. Велков откри дека очигледно вака постапил бидејќи бил под дејство на алкохол.
„Бидејќи приказната беше Црвена јабука, дали беше 30 или 40 години постоење, не ме фаќајте за збор, јас одлучив дека ќе донесам 30-годишни јаболки. Јас секогаш со некои фикс идеи. И сега доаѓа Жера од Црвена јабука, да му правам интервју. Јас му го давам црвеното јаболко и му велам „Ќе јадеме ли јаболко“? Човекот почна да вика избркајте ја оваа девојка“.....изјави водителката Велков во Бомбакис поткастот.
Како се одвивала целата оваа ситуација, но и како реагирала Снеже на истата дознајте во видеото во продолжение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа