ФСБ: Напаѓачите имале намера да ја преминат границата со Украина, имале контакти со украинската страна
Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна.
Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.
Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица кои учествувале во нападот, соопшти Истражниот комитет.
23.03.2024 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа