„Фуј зошто го прави тоа„- Влакнестата ќерка на Мадона стана заштитно лице на Марк Џејкобс (ФОТО)

 

Лурдс Лола Леон, ќерка на поп-иконата Мадона, е новото заштитно лице на пролетната колекција на дизајнерот Марк Џејкобс, која го слави еклектицизмот и индивидуалниот пристап кон личниот стил.

Американската компанија објави серија фотографии од колекцијата во која Леон е во светли бои и дизајни, а колекцијата Марк Џејкобс не е првото „патување“ на ќерката на Мадона во светот на модата.

Но, без оглед на тоа што Лола доминираше во новата модна кампања, обожавателите негодуваа за тоа што не ги депилираше пазувите дури и за потребите на рекламирање.

„Уф, зошто го прави ова?“, „Таа и Бела Торн под рака“, „Се надевам дека нема влакна на нозете“, „Прекрасна е во секоја смисла“, коментираат многумина.

Од друга страна, компанијата проговори и објасни зошто ја одбрале ќерката на Мадона за заштитно лице на новата кампања.

„Марк има долга историја со Мадона и затоа имаше смисла да ја ангажираме Лола да биде заштитно лице на нашата кампања, бидејќи таа совршено одговара на младешкиот дух и бескомпромисно чувство на индивидуалност кои се клучни за овој израз на овој млад бренд“, соопшти компанијата.

Да потсетиме, ќерката на Мадона со години им пркоси на стандардите, па затоа цврсто одлучи да не се депилира и има темна влакна на рацете, грбот и пазувите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега