ФЗОМ влегува во штрајк: Вработените ќе даваат само нужни и неопходни услуги
Синдикатот на УПОЗ до медиумите испрати соопштение во кое се вели: „Ве известуваме дека од понеделник 05.02.2024 година, Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за Здравствено осигурување стапува во штрајк.
Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице, лекување во странство за итни случаи а само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.
Истовремено, сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги подржуваат вработените во нивните барања и се на страна на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите – се истакнува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа