Гаши во Шведска се сретна со кралот Карл Шеснаесетти Густав

 


На првиот ден од официјалната посета на Кралството Шведска, претседателот на Собранието, Африм Гаши, придружуван од пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески, имаа аудиенција кај кралот на Шведска, Карл Шеснаесетти Густав.

Во делот на заедничката средба, претседателот и пратениците изразија благодарност за приемот и овозможената средба со неговото височество и нагласија дека Кралството Шведска е искрен и високо почитуван поддржувач на Република Северна Македонија, а меѓусебните односи се карактеризираат со висок степен на пријателство, заемно разбирање и поддршка. Тие беа информирани дека кралот на Шведска, Карл Шеснаесетти Густав, досега двапати ја посетил нашата држава и има посебно убави сеќавања од Охрид.

Претстедателот Гаши и пратениците Стојаноска, Сали и Трајчулески му подарија на шведскиот крал симболична кошничка од традиционални македонски производи од повеќе различни производители. По заедничката средба и предавањето на подарокот, Кралот и претседателот Гаши осварија полчасовна тет е тет средба.

02.12.2024 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега